Горди сме на конкурентната цена на услугата, завршената работа во договорените рокови и долгорочната соработка со нашите клиенти.
Нудиме широк опсег на услуги од областа на инженерската и индустриската геодезија кои вклучуваат обележување на проектна содржина, пресметка на количини на земјени маси, геодетски оскултации (анализа на деформации), рекогносцирање, стабилизација и мерење на геодетски мрежи, геодетски мерења за индустриски потреби, продажба и сервис на геодетска опрема и уште многу други услуги поврзани со инженерската и индустриската геодезија.
Ви стоиме на располагање за сите ваши прашања во врска со геодетските услуги што може да ви ги обезбеди нашиот искусен тим.